НУ Центар за култура е место каде што за прв пат успешните дебарски уметници се појавуваат на сцената

Националната Установа Центар за култура – Дебар, е единствена установа од областа културата во Дебар, дебарско и поблискиот регион.

Установата е правен следбеник на правното лице Општествен дом  “Скопје“ – Дебар, која својата работа ја започнала во 1971 година. Објектот на установата е изграден во знак на солидарност на граѓаните на град Скопје за граѓаните на град Дебар, после катастрофалниот земјотрес во Дебар на 30 Ноември 1967 година и истиот ни е предаден, за што називот на нашата установа го носеше: Општествен дом  “Скопје“ – Дебар. 

Владата на РМ со акт бр.23-5574/1 од 22.12.2003 година, донесе Одлука за утврдување на мрежата на националните установи од областа на културата, со која нашата установа доби статус на Национална установа Центар за култура – Дебар

НУ Центар за култура – Дебар посебно внимание посветува во обезбедувањето на услови  на уметниците: во чување, негување, афирмација и презентација  на богатото културно наследство како и обезбедување услови за работа на сите уметници при создавањето на нивните нови дела, т.е. поттикнување на културното творештво.

НУ Центар за култура – Дебар во изминатите 50-тина години за многу успешни дебарски уметници било место каде ги имале своите први настапи на сцена и место каде многу автори ги создавале, поставиле или објавиле своите дела (на сцена, на носач на звук, на печатена книга и др.) и затоа и ние се гордееме со успесите на многу дебарски уметници: кореографи,играорци, инструменталисти, вокални солисти, композитори, сликари, режисери, актери, писатели, поети, и др.

Навистина е тешко да се набројат сите културни настани кои се одржале во нашата установа во изминатите 50-тина години но тешко е да се набројат и културните настани кои се создале, се припремиле и се реализирале во НУ Центар за култура – Дебар.